ЗЗ ПРВА ОРГАНСКА ЗАДРУГА Валандово (задругата) е основана во 2019 година со цел здружување на капацитети кои произведуваат органска храна. Задругата беше основана и финансирана со помош од страна на проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги“ проект финансиран од ЕУ. Од самото основање па нававму задругата доспева значајни достигнувања. Членовите на задругата произведуваат органски: бадеми, јапонски јаболка, калинки, мед, маслинки, кајсии, пиперки, домати, грав, тикви итн.. како и преработки од истите како што се путер и крем од бадем, сушено овошје и зеленчук и др. Едно од најголемите достигнувања е тоа што во 2022 гдина задругата успеа да направи договор за дистрибуција на своите производи преку дистрибутивна мрежа низ целата држава. Задругата поседува: машини за лупење на бадеми (две), машина за сецкање на гранки, сушара, комора за оддржување, вакумерка, дозатор за јаткасто овошје, машина за берење бадеми и Трактор под закуп. Членовите на задругата поседуваат доста механизација и истата ја споделуваат меѓу себе што создава машински прстен во задругата. Задругата во моментот има 1 вработен на позиција управител – истиот е млад земјоделец член на задругата
НАШАТА МИСИЈА
Преку здружување на нашите производители, носиме здравје и среќа со органски производи во сите домови. Едноставно, органско – како начин на живот.
Членовите на нашата задруга се обединети со јасна визија и заеднички цели. Работиме заедно, со споделување на искуства и знаења, да го произведеме најдоброто.

Собрание
Собранието е највисок орган на задругата и него го сочинуваат сите членови на задругата. Собранието има надлежности да одлучува по клучните прашања на задругата.
Други тела:
– Управен одбор
– Комисии и други работни тела
Членови на задругата
Членови на задругата се производители на мед, бадеми, јапонска јаболка, вишни, сливи, калинки, маслинки како и преработки на истите. Сите членови поседуваат сертификат за органско добиено од страна на тело за инспекција и сертификација. Нашите плантажи и пчелни семејтсва се наоѓаат во Охрид, Куманово, Валандово, Дојран и Богданци.